Услови за користење на функционалностите на EXIM
За да ги користат функционалностите на EXIM, компаниите треба да ги исполнат следните услови:
Да имаат стабилна Интернет врска
Да поседуваат валидна е-маил адреса
Да поседуваат дигитален сертификат
Да бидат регистрирани во системот
Да имаат инсталирано подршка за JAVA 1.6
Да имаат инсталирано македонска подршка за пополнување на обрасците

Административни такси
Поради олеснување на административната постапка за компаниите, во постапката за издавање на дозволи преку EXIM, компаниите не се задолжени на институциите во хартија да им го презентираат доказот за платена административна такса. Институциите оваа информација ќе можат да ја добијат директно преку системот, но само доколку компаниите доследно ги следат насоките во Упатството за начин на плаќање на административни такси за увозни, извозни и транзитни дозволи опфатени во EXIM.

Напоменуваме дека погоре кажаното се однесува само на давачките законски дефинирани како административни такси. Плаќањето на сите останати давачки кои институциите ги наплаќаат во постапките за издавање на дозволи за увоз и извоз, компаниите и понатаму ќе можат да го докажат исклучиво со презентирање во хартија на доказот за плаќањето.

Што е дигитален сертификат?
Своерачниот потпис кој се става на хартиени документи не може да се примени на електронски документи и во интернет средина. Дигитален сертификат е средство кое содржи, односно го потврдува електронскиот потпис и го заменува своерачниот потпис за документите во електронски облик.

Сертификатот може да се инсталира на компјутер. Исто така, може да се зачува на локална мрежа која може да се користи од повеќе компјутери. Најбезбеден и најсофистициран начин на чување на сертификатот е на надворешен електронски медиум, како што е токенот. Во овој момент, EXIM поддржува потпишување на барања и дозволи со сертификат кој е инсталиран на компјутер, но наскоро ќе биде овозможно и користење на сертификат кој се чува на токен...повеќе